Агенцијата за вработување ги известува невработените лица дека продолжува со редовното пријавување

Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија ги известува сите невработени лица дека од 15 септември 2020 година продолжува со редовното пријавување на секои 30 дена (за активните баратели на работа) односно на секои 6 месеци (за другите лица кои бараат работа).

Секое невработено лице кое има оставено контакт телефонски број веќе е известено по смс порака за точниот датум кога треба да се пријави во надлежниот центар за вработување или дисперзирана канцеларија, од причина што од 15.09.2020 година повторно е ставен во функција системот за распределување на термини за редовно пријавување, согласно законските рокови за пријавување на 30 дена односно 6 месеци.

Сите невработени лица кои се пријавуваа во периодот кога беше запрено редовното пријавување, ги замолуваме да го почитуваат терминот наведен во смс пораката, кој што е системски изгенериран.

Невработените лица кои немаат оставено точен контакт телефонски број и кои немаат добиено смс порака, потребно е да се пријават во наредните 30 дена.

Воедно од Агенцијата напоменуваат дека при пријавувањето задолжително треба да се почитуваат препораките на Министерството за здравство за спречување на ширење на вирусот КОВИД 19, односно задолжително носење заштитни маски и одржување соодветна дистанца од другите лица.

error: Content is protected !!