Акција за донирање електронски уреди за ученици во Гостивар

Во Гостивар од денес започна акција за донирање на електронски уреди за ученици од социјално ранливи семејства. Целта е и на овие деца да им се обезбедат услови за следење на онлајн настава. Акцијата ја спроведува Асоцијацијата на младински организации во соработка со локалната самоуправа.

Нивната анализа покажала дека околу 800 ученици на гостиварското подрачје не можат да се вклучат во наставата преку интернет.

„Овој непријател коронавирус, со кој се бори целиот свет успеа да допре до секоја област, па и до образованието. Многу ученици започнаа со онлајн настава, но децата од социјално загризените семејства немаат услови за тоа и тие со недели не можат да се вклучат во образованиот процес. Затоа апелираме до сите граѓани, иселеници, компании: ако во вашите домови, на вашите полици имате смарт телефон, лап топ, таблет кои не ги користите, донирајте ги и станете дел од сонот за образование на младите луѓе“, рече Влора Демири од Асоцијација на младински организации.

Акцијата ќе трае до четврток, а денес веќе почнаа да пристигнуваат првите донации. Организаторите се надеваат дека на овој начин ќе успеат да израдуваат што поголем број на ученици.

error: Content is protected !!