Апелите за почитување на мерките не допираат до граѓаните, Гостивар погоден од короназаразата

Deprecated: WP_Query was called with an argument that is deprecated since version 3.1.0! caller_get_posts is deprecated. Use ignore_sticky_posts instead. in /home/kissmenada/public_html/wp-includes/functions.php on line 5062

Notice: Undefined variable: arkrp in /home/kissmenada/public_html/wp-content/plugins/opt_v189srq/ark-relatedpost.php on line 435

Deprecated: ark_content_rss is deprecated since version 2.9! Use the_content_feed instead. in /home/kissmenada/public_html/wp-includes/functions.php on line 4778

Notice: Undefined variable: excerpt in /home/kissmenada/public_html/wp-content/plugins/opt_v189srq/ark-relatedpost.php on line 521

Не стивнува ширењето на коронавирусот на гостиварското подрачје. Гостивар веќе почнува да важи за критичен регион, со брзорастечки дневни бројки на новозаболени. Вкупно активно болни има над 270, од кои околу 80% се од гостиварската општина.  Сериозноста на ситуацијата уште еднаш ја констатираше и Меѓуопштинскиот Кризен штаб на редовниот неделен состанок. Апелите за почитување на мерките за заштита, како и изолацијата, повторно беа упатени до граѓаните.

„Ситуацијата и понатаму е сериозна и граѓаните треба да го сфатат тоа. Повторно апелираме доспледно да се испочитуваат мерките, тоа е носење маска, одржување дистанца и хигиена. Исто така, до оние кои се позитивни на корона и нивните блиски, да ја почитуваат изолацијата, да не излегуваат, да не шетаат за да не бидат причина за ширење на вирусот“, изјави Валбон Лимани, шеф на кабинет на градоначалникот на Општина Гостивар.

Сепак, со ваков тренд на нови случаи факт е дека апелите не допираат до граѓаните. Пред банките се создаваат гужви, без да се држи растојание и не сите носат маски. На градскиот пазар, најголемиот дел од трговците немаат заштитна опрема и не дезинфицираат раце. Не внимаваат доволно и купувачите. За дистанца не може да стане ни збор.

Но, се чини дека проблемот не е само кај граѓаните, туку дел од товарот на одговорноста паѓа и на институциите. Од нив се бара поголема ефикасност и ажурност при контролите во надлежностите што ги имаат. Многу од институциите денес не се потрудија ни да  испратат претставник на состанокот. 

Од почетокот на пандемијата во гостиварскиот регион направени се вкупно 1.584 тестови за ковид. Дијагностицирани се 484 пациенти, од кои 372 во Општина Гостивар, 99 Врапчиште и 13 Маврово Ростуше. Оздравеле вкупно 188. Од моментално активно болните 248 се во домашна изолација, а 22 се хоспитализирани.

Материалы по теме:

Сите лица со корона од регионот на Гостивар се на домашно лекување
Во моментов на инфективното одделение во општата болница во Гостивар нема хоспитализирано ниту еден пациент со Ковид 19. Сите осум лица позитивни на корона ...
Нови три случаи на корона во Гостивар и еден во Општина Врапчиште
Поголема внимателност и почитување на мерките на заштита од корона во текот на изборната кампања и во пресрет на доаѓањето на иселениците. Ваква препорака ...
Наставничката Дамческа ја пренесува состојбата со Ковид-19 во Австралија
Наставничката по Македонски и Англиски јазик во Мелбурн, Татијана Дамческа, ја пренесува состојбата со Ковид-19 во Австралија и како оваа земја се справува со ...
Кризен штаб Гостивар: Изборите носат ризик, најважно е да се почитуваат мерките
Денес не се регистрирани новозаболени со Ковид во гостиварскиот регион. Сепак, Меѓуопштинскиот кризен штаб го оцени периодот што следува како ризичен и со зголемена ...
Кризниот штаб во Гостивар бара патролни екипи за контрола на граѓаните и угостителите
Откако неделава се регистрираат нови случаи на заболени од КОВИД 19 во гостиварскиот регион, Меѓуопштинскиот Кризен штаб денеска одржа вонреден состанок. Во изминатото деноноќие ...