Арифи – Мерките да се олабават, ама граѓаните да не олабавуваат



По секојдевниот раст на бројот на заразени со КОВИД 19 во тетовско денеска нема новозоразени пациенти. Од Кризниот штаб на Општина Тетово по одржувањето на денешниот состанок, информираа дека повеќе од половина од случаите заразени со КОВИД 19 се се уште активни, затоа граѓаните треба да внимаваат и да ги почитуваат здравствените препораки.

-Мораме да живееме со вирусот, но од друга страна мора и животот да се врати во нормала, вели првиот човек на Општина Тетово Теута Арифи

Таа очекува владата да ја укине и одлуката за забрана за организиран превоз од Тетово кон соседните општини и обратно.

Инаку во тетовскиот регион досега има евидентирано 176 лица заразени со коронавирус, од кои 80 се веќе излечени. Во Општина Тетово  84, Боговиње 47, Теарце 18 Брвеница 15 ,Јегуновце 5 и Општина Желино 7 заразени лица

Вчера во Тетово биле извршени тестови на дваесет и едно лице , од кои 18 биле контролни, а 3 тестови им се направени на граѓани кои имале контакти со заразени лица. Сите тестови биле  негативни.

СВР  Тетово информира дека во текот на овие денови издадени се 52 налози за непочитување на правилата за заштита, како носење на заштитни маски од страна на граѓаните.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!