Арифи – Мерките не треба нагло да олабават

Градоначалничката на Тетово Теута Арифи, смета дека не треба да има нагло олеснување на мерките против КОВИД 19, ако се земе предвид фактот секојдневното регистрирање на позитивни на коронавирусот. Оздравувањето на пациенти треба да не охрабрува, но не и олабавува, смета првиот човек на Општина Тетово.

-Деновиве може да се размисли полицискиот час да започнува од 21 часот, но за друго олеснување мора да да се проследи и анализира состојбата уште одреден перид, изјава градоначалничка на Тетово Теута Арифи

Голем дел од граѓаните бараат олеснување на мерките, вели таа. За да се случи сето ова и животот да се врати во нормала, на граѓаните носењето на заштитна опрема треба уште подолго време да им биде секојдневие.

Изминатиов викенд во тетовско беа поделени илјадници маски на граѓаните, кои беа дел од заштитна опрема која ја донираше владата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!