Арифи смета дека проблемот со кучињата скитници може да се реши само ако имаме регионален пристап.

Арифи смета дека проблемот со кучињата скитници може да се реши само ако имаме регионален пристап.

Градоначалничката на Тетово Теута Арифи смета дека проблемот со кучињата скитници може да се реши само ако имаме регионален пристап. За тоа е потребна соработка со останатите општини од полошкиот регион.

Првиот човек на Општина Тетово Теута Арифи, рече дека општината досега објавила три тендери за згрижување на кучињата. Таа истакна дека не е доволен капацитетот, но немаат финансика можнсот истиот да го зголемат. Таа смета дека проблемот со бездомните животни може да се реши, само ако имаме регинален пристап од сите полошки општини.  

 -Го функционализиравме и го реактивиравме процесот на тендерирање за институцијата која го води тоа да биде сигурна дека ќе има исплата и можност за работа. Нормално е дека капацитетот на тој центар за градот Тетово е доволен, но ако има други тенденции за интервенции и во другите помали општини, тие капацитети ќе бидат лимитирани. Ние сме заинтересирани да го зголемиме како капацитет но во текот на оваа година нема да сме во финансиска можност да го зголемиме. Но, со другите општини кои во целиот полошки плански регион го имаат истиот проблем, се договоривме регионално ако може да пристапиме за да добиеме некоја меѓународна донација за поголем регеионален центар за третирање на кучиња скитници затоа што тоа е проблем на целиот регион и како таков сакаме да го адресираме, изјави Арифи.

Од Ветеринарната амбуланта кој ги има добиено сите три тендери за згрижување на кучињата скитници, велат дека втора недела работат на заловување лекување и обезбедуавње на дом за бездомните животни. Првите два тендера беа по 600 илјади денари, сега третиот тендер изнесува еден милион денари.

-Ова е долгорочен процес, но сега има и повеќе средства, па ќе има и повеќе резултати, истакнаа од ветеринарната амбуланта

-Ние набрзо ќе го потпишеме договорот и ќе почнеме да ги заловуваме кучињата скитници. Ќе вршиме стерилизација, чипирање и слично. Морам тука да потенцирам дека ако сакаме да го решиме проблемот генерално, мора сите градови и општини да го решат проблемот. Ако во Тетово се реши проблемот а на пример во соседната општина Брвеница не се реши, тогаш од Брвеница кучињата ќе одат во Тетово и така се ќе се врти во круг, рече Рами Селмани доктор по ветеринарна медицина.  

Се претпоставува дека во градот има околу 500 кучиња скитници. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *