Балаклија се одбележа во во храмот Пресвета Богородица во Тетово
Православните верници денес го одбележуваат празникот посветен на Мајката божја и нејзините чуда, Источен Петок-Балаклија, кој секогаш се слави на првиот ден петок по празникот Велигден. Празникот традиционално со едноцрквие се одбележа во храмот Пресвета Богородица во Тетово.
Централното одбележување на првиот петок по Христовото воскресение – Источен петок, Балаклија, во Тетово се одржа во црквата “Света Богородица”. Со овој празник, посветен на Пресвета Богородица и се оддава признание на мајката Божја и се слават сите извори на вода во светот.
Пред верниците со светата архиерејска литургија чиноначалствуваше митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф.
Во текот на Богослужбата верниците се поклонуваа пред иконата на Пресвета Богородица, оставајќи црвено велигденско јајце.
Одбележувањето на празникот во црквата подигната во слава и чест на чудесата на Мајката Божја започна уште вчера-попладне кога стотици верници пристигнуваа во храмот Пресвета Богородица во Тетово кој го чествуваше патрониот празник. Според традицијата по Богослужбата верниците остнуваат во црковниот двор.
Данијела Билбилоска