Безживотното тело кое вчера беше пронајдено на Шар Планина е сириски државјанин

Вчера околу 11 часот, планинар од тетовско планинарско друштво, кое се движело на тој терен, во СВР Тетово пријавил дека над тетовското село Вејце, на патот кон планинскиот врв Кобилица, забележале безживотно машко тело. Екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово и лекар по судска медицина со хеликоптер на МВР се упатиле на местото и извршиле увид, при што била констатирана смрт без траги на насилство. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било пренесено во Институтот за судска медицина во Скопје за обдукција. При увидот, било утврдено дека најверојатно станува збор за 32-годишен сириски државјанин, кој поседувал фалсификувани документи на име на друго лице од Шпанија, а кој на 28 декември минатата година во СВР Тетово бил пријавен како исчезнат. 

Во полицискиот билтен и информација за кражба на автомобил „Застава 101“, кој сопственикот незаклучен го паркирал на улица „Борис Кидрич“ во Тетово.

35-годишник од тетовски Челопек во СВР Тетово пријавил дека бил физички нападнат од неговиот соселанец на возраст од 25 години, а поради нерасчистени должничко – доверителни односи.

Во Гостивар, пак, приведени три лица, од кои еден малолетник поради поседување марихуана.

Данијела Билбилоска

error: Content is protected !!