Бесплатна психолошка помош нуди Здружението Кортекс од Тетово

Тим на психолози, советници и психотерапевти достапни за граѓаните преку интернет и телефон.

Како тим на специјалисти по психологија, советување и психотерапија, знаејќи ја важноста на менталното здравје во кризни ситуации, Здружението Кортекс од Тетово нуди бесплатна психолошка помош за граѓаните. Тие доброволно ќе бидат достапни онлајн и преку телефон, на албански и на македонски јазик.

Психологот Билјана Радическа вели дека досега кај нив психолошка помош побарале повеќе лица.  

Во ваква стресната состојба создадена од пандемијата со коронавирусот психолозите советуваат смирено и реално да ја прифатиме оваа состојба, да се фокусираме на самите себе, да се бориме против стравот и да ги следиме предвидените мерки.

Времето на давање психолошки услуги ќе биде 4 дена во неделата, додека преку е маил адресата граѓаните можат да побараат совет во секое време.

error: Content is protected !!