Билтен на СВР Тетово

Приведени неколку лица, кражба и каснување од кучиња бележи денешниот полициски билтен на СВР Тетово.                              

  28-годишник од гостиварски Балиндол вчера бил лишен од слобода затоа што навредувал и омаловажувал додека преземале службени дејствија на улица „Илинденска“ во Гостивар.

Вчера приведен бил и 35-годишен жител на Теново, кој во алкохолизирана состојба го нарушил јавниот ред и мир во и надвор од угостителски објект на улица „Илинденска“ во Тетово.

Против двете лица по целосно расчистување на случаите ќе биде изготвен соодветен поднесок.

Од полицијата информираат за кражба на бакарни олуци во дворот на Ере-џамијата на улица „213“ во Тетово, случена ноќта помеѓу 26 и 27 јануари.

Вчера се регистрирани и два случаи на каснување од куче бездомник. 21-годишник од Порој куче го каснало на улица „Маршал Тито“ во Тетово, додека 66-годишник во неговиот дом во Трница, кога се обидел да го избрка кучето од просторијата во која претходно влегло.

Данијела Билбилоска

error: Content is protected !!