Битиќи оствари средба со раководството на Глас Флекс
Во Индустриската развојна зона во Тетово денес се одржа средба на вицепремиерот Фатмир Битиќи со раководство на компанијата за производство на стакло Глас Флекс, поддржана од државата. Притоа беа истакнати и дел од проблемите со кои се соочуваат, како недостиг на квалификуван кадар. Беше потенцирана државната помош, а од раководството на фабриката побараа и поддршка за да го зголемат извозот, но и да обезбедат стучен кадар, кој во моментот им недостасува.
Работна сила ќе се увезува, додека тука треба да се спроведе преквалификација, рече Битиќи. Тој истакна дека структурата на невработените во државата и нивните вештини не одговараат на новата ера на индустријализација.
На земјава ѝ недостигаат 10.000 работници годишно.
Данијела Билбилоска