Биљал Касами на средба со претставници на ромската заедница по повод Меѓународниот ден на Ромите
По повод 8-ми април Меѓународниот ден на Ромите, градоначалникот на Општина Тетово, Биљал Касами, вчера оствари работна средба со претставници на ромската заедница во Македонија. На средбата беше разговарано за подобрување на правата и условите во кои живеат припадниците на ромската заедница во Тетово. За таа цел како што информираше Касами, со неговото доаѓање на власт како градоначалник, е формирана посебна проектна единица со програма усвоена од Советот која ќе имплементира проекти во интерес на Ромите.
И во рамките на Министерството за труд и социјална политика се имплентираат неколку проекти за подобрување на стасусот на Ромите во општеството.
Меѓународниот ден на Ромите – 8-ми април официјално е прогласен во 1990 година на светскиот конгрес на меѓународната унија за Ромите во Полска.
Ивана Серафимовска