Блокада на Русино, граѓаните не дозволуваат пристап за камиони со ѓубре

Deprecated: WP_Query was called with an argument that is deprecated since version 3.1.0! caller_get_posts is deprecated. Use ignore_sticky_posts instead. in /home/kissmenada/public_html/wp-includes/functions.php on line 5062

Notice: Undefined variable: arkrp in /home/kissmenada/public_html/wp-content/plugins/opt_v189srq/ark-relatedpost.php on line 435

Deprecated: ark_content_rss is deprecated since version 2.9! Use the_content_feed instead. in /home/kissmenada/public_html/wp-includes/functions.php on line 4778

Notice: Undefined variable: excerpt in /home/kissmenada/public_html/wp-content/plugins/opt_v189srq/ark-relatedpost.php on line 521

Се спушти рампата на патот што води кон Русино кај Гостивар. Граѓаните не дозволуваат носење на ѓубре на таканаречената депонија. Камионите со отпад кои доаѓаат, не се пропуштаат да поминуваат, туку се враќаат назад. Од граѓанската иницијатива „Стоп Русино, чист воздух за Гостивар“, како организатори, најавија дека блокадата ќе трае 10 дена, со непрекинато дежурство од 24 часа. Додека не им се исполнат неколку главни барања, нема да дозволат пристап ни за возилата со смет од гостиварски Комуналец.

„Ја затворивме рампата за сите возила со ѓубре, вклучувајќи ја и Општина Гостивар. Камионите на Комуналец-Гостивар ќе почнеме да ги пропуштаме само кога ќе ги исполнат нашите барања: да прекине горењето на ѓубриштето, да се затрупува редовно, да се стави видео надзор, затоа што таму камери нема и обезбедувањето да работи 24 часа, а не само 8. Исто така, општината да испрати барање за помош, до Влада до Армијата. Ако ги исполнат овие барања, возилата од Гостивар ќе ги пропуштаме. А за сите останати, блокадата важи до крај. Наша крајна цел е дислокација на Русино“, рече Десо Матески, од Граѓанската иницијатива.

Од Комуналец-Гостивар, пак велат дека немаат алтернатива и отпадот мора да го транспотрираат на Русино. Бараат граѓаните да ја кренат рампата за нивните камиони.

„Ние немаме друга алтернатива, каде на друго место да го носиме отпадот. Гостиварскиот смет се менаџира како што треба. Ние првиот чекор го направивме – да не се носи ѓубре од другите општини, и за тоа ја поддржуваме Граѓанската иницијатива. Сите ние сакаме да имаме современа депонија, но додека немаме таква депонија, ние сметот што го прават граѓаните на Гостивар, мора да го носиме горе. Замислете два дена да не се подигнува ѓубрето од контејнерите, што ќе се случи?“, рече Исак Лазами, директор на Комуналец.

Над 200 гостиварци ја поддржаа блокадата во првиот ден. Дежурна екипа во импровизираниот камп со шатори, остана преку вечерта. Голема поддршка дојде од жителите на гостиварска Бањица и другите околни села кои велат дека се најпогодени од Русино. 

Помош на граѓанските активисти, во текот на првиот ден од блокадата дадоа фирми и поединци со храна, пијалоци и слично. На блокадата се внимава да се почитуваат мерките за заштита против корона. Присутни се полициски службеници, кои го обезбедуваат јавниот ред и мир.

Граѓанската иницијатива Стоп Русино, чист воздух за Гостивар доби поддршка од повеќе здруженија кои се активни на полето на заштита на животната средина, меѓу кои и Екогерила – Тетово.

Материалы по теме:

Ново продолжување на блокадата кон Русино
Русино останува забранета зона за отпадот од полошките општини. Блокадата кон таканаречената депонија е продолжена по четври пат за дополнителни десет дена. Приод е ...
Екологистите реагираат на палењето на Русино, добиле ветување за поголемо обезбедување на депонијата
Екологистите од Гостивар реагираат на зачестените пожари на депонијата Русино, што се случува во последниот период. Изразуваат загриженост дека чадот што се чувствува во ...
Протестно дефиле во Гостивар за дислокација на депонијата Русино
Гостиварци го кренаа гласот против загадувањето од депонијата Русино. Граѓанската иницијатива „Стоп Русино-чист воздух за Гостивар“ вчера организираше протестно дефиле по градските улици, се ...
Протест во Гостивар: Русино е смрт! Сакаме цвеќе, не депонија!
Гостиварци уште еднаш протестираа претворањето на Русино во регионална депонија за Полог. Протестниот марш започна пред општинската зграда, преку централното градско подрачје, улицата „Дебарска“, ...
Повторно голем пожар на депонијата Русино
Само десетина часа по протестот против Русино, на депонијата повторно гори голем пожар, а над Гостивар се шири облак од чад и непријатна миризба. ...