Богослужбите во црквите ќе продолжат, но мора да се почитуваат препораките

Кумовите на празникот Цветници, во црквата Св. Кирил и Методиј можат да дојдат во понеделник, но почитувајќи ги препораките на надлежните.

Во црквите во овој период ќе се одржуваат богослужбите, дури и во деновите со полициски час бидејќи свештениците имаат соодветни дозволи, но верниците можат да дојдат само тогаш кога е дозволено излегување. За празникот Цветници, кој се прославува на 12 април, кумствата во Соборниот храм Св Кирил и Методиј ќе се одржат следниот ден, во понеделник.

Црковните храмови ќе бидат отворени секогаш за верниците да можат да се помолат и запалат свеќа за време на велигденските празници, но притоа да одржуваат социјална дистанца и да не влегуваат многумина одеднаш.

Свештените лица со препораки за засилена молитва и пост во овој период.  

error: Content is protected !!