Бојан Захариевски го фати светиот крст на Водици во тетовско Фалише

Бојан Захариевски од тетовско Фалише беше најсреќниот од тројцата верници кои беа дел од овогодишната традиција на скокање по светиот крст во црковниот базен на црквата „Свети Атанасиј“ во Фалише, по повод празникот Богојавление Водици.

Празнувањето на празникот во тетовско Фалише започна претпладне најпрво во селската црква каде што дојдоа голем број верници да се помолат и да запалат свеќи за здравје, среќа и бериќет. Одбележувањето продолжи во црковниот двор со водосвет и спуштање на светиот крст, а беа прережани и славските погачи на овогодинешните кумови за празникот.

Ивана Серафимовска