Бројот на активно болни лица во тетовскиот регион надмина 1 000

49 пациенти со кислородна поддршка се хоспитализирани во Клиничката болница во Тетово.

Кризниот штаб при општина Тетово по одржаниот состанок инфомираше за состојбата со пандемијата во регионот.

На денешниот состанок на Кризниот штаб при општина Тетово за борба и справување со #COVID19 надлежните институции информираа дека до денес во Тетово и 5 околни општини, вкупниот број на лица со дијагностициран #COVID19 е 3159. Од оваа бројка досега 1909 лица се излекувани, а 129 се починати, со тоа бројот на активни случаи во Тетово и 5 општини е 1060 лица.

Во Клиничката болница во Тетово се прифаќаат за лекување главно пациенти со потешка клиничка слика на кои им е потребен третман и кислородна поддршка. Во моментот, 49 лица се хоспитализирани на инфективното одделение, кои го добиваат потребниот здравствен третман.Епидемиолошката состојба во земјата и во Тетовосè уште е критична, со зголемен број нови случаи, како и лица кои бараат здравствен третман во болница. Исто така, Клиничкиот центар во Тетово, и покрај тешката епидемиолошка состојба и постојаниот обем на работа, продолжува да обезбедува други услуги од секундарната медицина за граѓаните на Тетово и пошироко.

Ги замолуваме сите граѓани да ги почитуваат мерките за заштита и препораките на здравствените институции, со што ќе придонесат за полесно надминување на оваа глобална пандемија“, информираше градоначлничката на општина Тетово, Теута Арифи.

error: Content is protected !!