Булингот уште една табу-тема за која мора да се зборува, сметаат психолозите

Навреди, понижување, омаловажување, закани, а неретко и физичко малтретирање се нештата коишто го отсликуваат силеџиството односно булингот меѓу младите лица. Училиштата се местата каде што булингот најчесто ја демне жртвата, но вербално и физичко насилство речиси се случува и надвор од училишните клупи.  На прашањето зошто се јавува булингот, кои се најголемите причини за оваа негативна појава, пред нашата камера во интервју објасни училишниот психолог, Весна Стевческа.

Психолозите сметаат дека од голема важност за превенција од булингот е да се поттикнат децата-жртви на булинг да го пријавуваат малтретирањето од секаква форма кај наставниците или училишните психолози. Исто така потенцираат и дека родителите играат клучна улога во процесот на давање поддршка и  препознавање знаци на тортура кај нивните деца.

Инаку, како дополнителни мерки за спречување на булингот низ училиштата, согласно член 5 од Законот за основно образование, вработените во образовните установи, се должни да промовираат еднаквост меѓу учениците и активно да се спротиставуваат на сите облици на дискриминација и насилство.

Ивана Серафимовска