Бунтовност и низа пораки преку модниот израз – профил на Александра Јовановска

Бунтовност, испраќање на моќни пораки преку уникатни модни парчиња. Тоа ја отсликува модната дизајнерка Александра Јовановска од Тетово, која веќе подолг период напорно работи на надградба на својата кариера. Уште како малечка се заинтересирала за модата, а од тогаш целата својата креативност и енергија ја насочила во тој правец.

Учествувала на голем број ревии, од кои влече убави спомени. Таа постојано работи на проекти, но сепак вели дека во Македонија ситуацијата за оваа професија не е на завидно ниво.

Јовановска смета дека има млади, амбициозни лица талентирани за мода во земјава, но потребни се поголеми вложувања и промени во целиот систем на функционирање. Преку нејзините креации ја покажува својата уникатност и дарба, но и желба за позитивни промени во општеството.

error: Content is protected !!