Велигден – радост и верба во животот

Со доаѓањето на Велигден, се празнува победата на животот над смртта, а црвеното јајце е основен и вообичаен симбол за празникот.

По седумнеделните Велигденски пости следува најголемиот Христијански празник Христовото Воскресение Велигден.Велигден е празник над празниците, центарот на православната вера. Со доаѓањето на Велигден, се празнува победата на животот над смртта, а црвеното јајце е основен и вообичаен симбол за Велигден.  

На Велигден се поздравуваме со поздравот “Христос воскресе”, а возвраќаме со поздравот “Навистина воскресна”.Овие поздрави се протегаат се’ до Спасовден и тоа е период на славење. Првата седмица по Велигден, до Томината недела,пак, е наречена Светла седмица.

Ивана Серафимовска