Велика Сабота – предвесник на најголемиот христијански празник Велигден
Православните верници денес ги прават последните подготовки за утре да го дочекаат најголемиот христијански празник Христовото Воскресение Велигден. Велика Сабота е денот меѓу смртта и воскресението, меѓу петок и Велигден, денот што ги спојува распнувањето и радоста.
Во православниот храм „Свети Кирил и Методиј“ во Тетово вечерва ќе се одржи полноќна Велигденска богослужба на која ќе се објави веста за Христовото воскресение.
Ивана Серафимовска