Велики петок – најтажниот ден во христијанството
На Велики Петок Црквата ги споменува смртта и погребението на Господ Исус Христос и Неговото слегување во адот. Денес е строг пост, а во храмот „Свети Кирил и Методиј“ во Тетово ќе се одржат литургии, со што соодветно на обреден начин ќе се одбележи Велики Петок, кој се смета за најтажниот ден во православието.
За овој ден Црквата пропишува најстрог пост, односно денот да помине без јадење и пиење (освен за немоќните и престарените), во знак на таговно сеќавање на настаните од тоа време.
Маја Пероска