Велики Петок – најтaжниот ден во христијанството

На Велики Петок се сеќаваме на Христовото распнување на крстот. Од Велики Четврток до Велигден не чукаат камбаните во црквите бидејќи во православието тие се знак на радост, додека пак Велики Петок се смета за најтажниот ден во христијанството, а воедно претставува вовед и подготовка за најголемиот хрстијански празник Велигден. 

Според обичајот во Тетово на Велики Петок жените посетуваат три цркви молејќи се за здравје, а денешниот ден се одбележува со строг пост.

Ивана Серафимовска