Велики Четврток – денот кога почнуваат Велигденските празнувања
Денес е Велики четврток – православните христијани од денес започнуваат со празнувањата во пресрет на Христовото Воскресение Велигден.
На Велики Четврток се одбележуваат настаните што се случиле пред да тргне Спасителот на доброволните страданија. За значењето на Велики Четврток пред нашата камера зборува отец Александар Стојаноски од Тетовското архиерејско намесништво.
Велики четврток е и денот кога се вапсуваат првите велигденски јајца.
Ивана Серафимовска