Велосипедизмот во сите негови форми во последните години е во подем

И во нашиот регион се зголемува бројот на млади лица кои во групи на велосипеди организираат тури низ повеќе планински предели во земјава. 

Пред точно две години млади ентузијасти, љубители на планинскиот велосипедизам формираа клуб „Metal Militia“. Во моментов клубот има 30-тина члена кои сакаат предизвици и се подготвени да го истражуваат теренот на велосипед. Поради пандемијата се движат во помали групи и посетуваат повеќе планински места, но организираат и друмски тури. Истовремено учествуваат и на покани од другите велосипедски клубови во земјава.

Членовите на Клубот велат дека се уште во земјава нема соодветни услови за развој на овој рекреативен спорт, а има многу природни убавни кои вреди да се видат. Воедно велосипедизмот е одличен за ослободување на стресот.

Освен дружбата, физичката активност одлично влијае во подобрување на психолошката состојба и здравјето.

Oд Клубот „Metal Militia“ велат дека секој може да им се приклучи. За безбедно возење потребно е квалитетен велосипед и заштитна опрема.

error: Content is protected !!