„Верковиќевиот апостол“ – дело на доц. д-р Михајло Марковиќ и проф. д-р Соња Новотни

Анализа на правописно-фонолошки особености на ракопис од монашки писец од 14 век, извршиле доцент д-р Михајло Марковиќ и проф. д-р Соња Новотни од Универзитетот во Тетово, во нивното дело „Верковиќевиот апостол“. Доцент д-р Марковиќ, ни објасни што конкретно се обработува во книгата, а самиот ракопис претставува доказ за постоењето на македонскиот јазик.

Ракописот е именуван по Стефан Верковиќ, кој се смета дека го однел ракописот во Русија.

Книгата е издадена со поддршка на Министерството за култура, во 2019 година, до кое доцент д-р Марковиќ изрази благодарност, како и до рецензентот проф. д-р Мери Цубалевска која, како што вели Марковиќ, го одобрила како монументално дело.