Верни на традицијата – „Шербет“ на Лазаре

Верни на традицијата, служејќи се со една гитара и своите гласови, тетовското трио „Шербет“ и оваа година не пропушти да ги почитува обичаите карактеристични за овој регион – трите девојки во раните утрински часови пееја песни наречени уште „Лазарице“, во чест на денешниот празник Лазарева сабота. Традиција е во Тетово вечерта петокот кон сабота да се пеат песни и да се оди во неколку куќи, а тоа обично го прават младите лица од градот. Инаку има посебен текст за различни домаќини каде што одат младите да пеат и тој соодветно се менува.

Лазарева сабота се одбележува на последниот викенд пред големиот празник Велигден.

Маја Пероска