Веронаука во соборниот храм „Свети Кирил и Методиј“ во Тетово

Секој втор понеделник , во соборниот храм „Свети Кирил и Методиј“ во Тетово, верниците може да дознаат повеќе за православната вера. Групите за возрасни лица ги предводи отец Александар од тетовско-гостиварската епархија. Бидејќи часовите се реализираат секој втор понеделник, изминатиот не се одржаа часови, па следните се закажани за 9 март.

„Во соборниот митрополитски храм, се одржуваат катихетски предавања за возрасни со кои ги воведуваме во тајната на православната вера. Предавањата во иднина ќе се одржуваат секој втор понеделник, во 18 часот. На нив се запознаваме со основните вистини на православната вера. Кој што сака може да дојде и да се информира“, вели отец Александар.

На часовите може да присуствуваат сите возрасни лица кои се заинтересирани да научат нешто повеќе за православието.

error: Content is protected !!