Ветераните на ФК „Тетекс“ ги пречекаа ветераните на ФК „Раднички“ од Ниш во Тетово

Ветераните на фудбалскиот клуб „Тетекс“ изминатава сабота во Тетово им беа домаќини на ветераните на фудбалскиот клуб „Раднички“ од Ниш. Меѓу гостите од Србија беа дојдени и поранешни фудбалери кои играле за „Тетекс“ во 80-тите и 90-тите години на минатиот век. По срдечниот прием средбата беше заокружена со пријателски натпревар на градскиот стадион во Тетово.

Ветераните на фудбалскиот клуб „Тетекс“ изминатава сабота им беа домаќини на ветераните од фудбалскиот клуб „Раднички“ од Ниш, Србија, а меѓу гостите од соседна Србија беа и поранешни играчи на „Тетекс“ во сезоните одиграни во 80-тите и 90-тите години на минатиот век. Идејата за ваквата средба доаѓа по минатогодишниот фудбалски турнир во Ниш посветен на фудбалската легенда Драган Пантелиќ, на која биле поканети и присуствувале ветераните на „Тетекс“. Поттикнати од гостопримството во Ниш, фудбалските ветерани на „Тетекс“ изминатиов викенд се потрудија да им приредат срдечен прием на гостите. 

Зоран Тасиќ, поранешниот фудбалер на „Тетекс“ пред нашата камера не ги криеше впечатоците од неговото повторно доаѓање во Тетово, после 30 години.

Спомени од неговиот престој во Тетово и играњето во „Тетекс“ во раните деведесетти, евоцираше и Бојан Миленковиќ.

Средбата со неговите поранешни соиграчи и доаѓањето после 40 години во Тетово, не го остави рамнодушен и поранешниот фудбалер на „Тетекс“, Миодраг Савиќ.

Воодушевен од срдечниот пречек во Тетово беше и поранешниот играч на ФК „Раднички“ од Ниш, Миодраг Стоиљковиќ.

Поранешнишниот фудбалер Стево Грнчаров, пак, се надева дека ваквите пријателски средби ќе станат традиционални.

Средбата беше заокружена со пријателски натпревар на ветераните од двете фудбалски екипи.

Ивана Серафимовска