Вечерва се чека Православната нова година


Notice: Undefined variable: args in /home/kissmenada/public_html/wp-content/plugins/opt_v189srq/ark-relatedpost.php on line 371

Православните христијани, чии цркви го користат Јулијанскиот календар вечер ќе ја пречекаат Православната нова година, која почнува утре на празникот Василица. Традицијата подразбира месење комад во кој се става паричка, бидејќи се верува дека на оној на кој ќе му се падне паричката, ќе го следи среќа во текот на целата година. Некои подготвуваат дома, а многумина и прават нарачки во пекарите – утрово се упативме во една од нив за да доловиме како се подготвува традиционалниот рецепт.

Од таму велат дека побарувачката секоја година е голема, но годинава заради пандемијата ги нема нарачките од рестораните кои на 13-ти јануари секогаш организирале дочек.

Утре на 14 јануари православните верници го слават споменот на Свети Василиј Велики. Бил многу популарен меѓу народот и лесно ги придобивал луѓето за христијанската вера поради што бил наречен втор Павле. Умрел на 14 јануари 378 година.