Викендов во Гостивар Саем на производители и бизнис форум

Овој викенд Гостивар ќе биде домаќин на Саем на производители и бизнис форум, во организација Агенцијата за маркетинг и менаџмент Еуростеп, со поддршка на локалната самоуправа. Свое учество ќе имаат 26 компании од Македонија, но и 20 компании од Балканот и Европската унија.

Вакви саеми оваа година ќе се одржат во Струга, Штип, Куманово, Крушево, Кочани, како и во Србија, Косово, Бугарија, Албанија и во Малта. Следната година е превдидено во 17 држави да се одржат 67 бизнис саеми во повеќе држави.

Данијела Билбилоска