Високи цени на намирниците – слаба фреквенција на Градскиот пазар

Се е скапо – и зеленчукот и овошјето. Ова го велат Тетовци пред нашата камера додека се обидуваат да најдат намирници на Градскиот пазар во Тетово. Трговците креваат рамена, а фреквенцијата на луѓе е значително помала во споредба со минатите години. Иако е празничен период, луѓето повеќе разгледуваат отколку што купуваат.

Трговците велат дека народот не купува оти нема пари.

Роба има во изобилие – свежите намирници ги красат тезгите на Градскиот пазар, но купувачи има се помалку.

Маја Пероска