„Вистина“ на Слободанка Ничевска снимена во музичкото студио „Т’мница“

Иако музичарите немаат речиси воопшто работа последниов период додека трае епидемијата со коронавирусот, сепак креативноста кај нив е на високо ниво. Во музичкото студио „Тмница“ периодов е снимено авторското дело на виолинистката Слободанка Ничевска. Нејзината соработка со искусниот музичар и продуцент Никола Димовски – Тмница трае подолго време, а овојпат резултатот е дело кое спаѓа во авангардна класична музика и се нарекува „Сонце“.

Ова е трето авторско дело на Ничевска – сите љубители на убавата музика може да го најдат на нејзиниот „Јутјуб“ канал, како и на социјалните мрежи – За песната е изработен и музички спот во Кокино.

„Вистина“ и „Вулкан“ – се другите две авторски дела на оваа талентирана и харизматична виолинистка. Таа вели дека е заодоволна од соработката со Тмница и се надева дека наскоро ситуацијата епидемијата ќе се подобри.

Димовски пак додава дека културата мора да се негува.

Ничевска наскоро планира и промоција на цд со своја авторска музика.

error: Content is protected !!