Вкупно 80 лица од тетовско кои се во изолација поради коронавирусот имаат право да гласаат во текот на денешниот ден

 

Вкупно 80 лица од тетовско кои се во изолација поради коронавирусот имаат право да гласаат во текот на денешниот ден. Изборниот ден за овие лица се одвива според посебни протоколи.

Гласањето се одвива од страна на преставници од општинските изборни комисии и здравствени работници. Во рамки на Општина Тетово од 69 пријавени кои се во самоизолација право на глас е дадено на 55 лица, во Општина Теарце има 8 кои ќе гласаат а се во самоизолација, а по 5 лица ќе гласаат во општините Брвеница Желино и Јегуновце и двајца во Општина Боговиње. Тимот кој го спроведува гласањето се максимално заштитени, а изборниот ден се одвива според посебни протоколи.

Не сите кои се пријавиле да гласаат денеска добиле право да гласаат велат од Општинската изборна комисија Тетово.

Граѓаните поделени во пресрет на гласањето закажано на 15 јули. Поголем дел ќе гласаат некои поради вирусот ќе останат дома.

Од целиот тетовски регион најголем број избирачи има запишано во Општина Тетово вкупно 84 454 кои можат да гласаат на 117 места, а најмал број гласачи има во Општина Јегуновце вкупно 10 168  

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *