Владата го распушти Советот на Општина Тетово

Решение за распуштање на Советот на општина Тетово, беше донесено на вчерашната Владина седница, со образложение дека дека Советот не ја донел завршната сметка до 31-ви март годинава. Досегашниот претседател на Советот на Општина Тетово, Бесар Дурмиши, смета дека што поскоро треба да се донесе одлука и датум за нови избори за Советот на Општина Тетово.

Според неофицијални информации можно е изборите за нов Совет на Општина Тетово, да бидат на 20-ти август кога ќе има гласање во други општини за градоначалници. Во досегашното мнозинство во Советот на општина Тетово, покрај Движењето Беса,ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, Алијанса за Албанците, ДУИ, беа и двајца советници од иницијативата „Подобро за Тетово“.

Ивана Серафимовска