Владимир Бојиќ нов одбојкар на Универзитет Тетово

Одбојкарскиот клуб Универзитет Тетово во своите редови го доведе и петтото засилување овој зимски преоден рок. 30 годишниот репрезентативец на Црна Гора, Владимир Бојиќ, во Тетово пристигна од црногорскиот клуб Будва. Со доаѓањето на Бојиќ, Универзитет Тетово веќе има тројца интернационалци во своите редови, како и неколку македонски репрезентативци, со кои ќе атакува на висок пласман оваа сезона.

Дарко Ангеловски и Иван Хуртадо ми беа соиграчи. Мислам дека имаме квалитетна екипа. Не знам дали на крајот ќе бидеме први, но сигурен сум дека до крај ќе се бориме за првото место. – изјави новиот одбојкар на Универзитет Тетово, Владимир Бојиќ.

Тренерот на Универзитет Тетово, Дејан Симовски, не го крие задоволството од новите засилувања и најавува борба за висок пласман оваа сезона.

Се подготвуваме максимално за продолжението од сезоната. Задоволен сум од новите одбојкари и се надевам дека барем еден трофеј ќе дојде во Тетово оваа сезона. – изјави тренерот на Универзитет Тетово, Дејан Симовски.

Плеј-офот
од првата машка одбојкарска лига на
Македонија започнува на 15-ти месецов.
Прв предизвик за Универзитет Тетово ќе
биде дуелот против локалниот ривал
Лирија од Жеровјане.

Powered by Live Score & Live Score App