Владини претставници во посета на Везе Шари

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски и министерот за економија, Крешник Бектеши денеска ја посетија компанијата за производство на јајца „Везе Шари”. Беше истакнато дека одлуките за замрзнување на цените, меѓу кои и на цената на јајцата, се за доброто на граѓаните.

Владата и компаниите мора да покажат единство за заштита на граѓаните, порача премиерот, Димитар Ковачевски, кој заедно со министерот за економија, Крешник Бектеши денеска ја посетија компанијата за производство на јајца „Везе Шари” во тетовски Требош .

Со последно во низата замрзнувања на цените на основните прехранбени производи се јајцата од кокошка, се оневозможува зголемување на цената на овие производи пред празниците, рече Ковачевски.

Министерот Бектеши рече дека покрај ИПАРД програмата за поддршка на компании, Законот за финансиска поддршка на инвестициите предвидува грантови.

Сопственикот на Везе Шари, Арбен Абдурахмани, вели дека владините мерки им помагаат во нивната работа.

Данијела Билбилоска