Внимателно со престојот во природа

Летниот период проследен со високи температури е вистинска можност за бегство од секојдневието и причина плус за престој и прошетки во природа. Сепак, покрај опуштањето и уживањето во природа, не треба да се заборави на опасностите како што се убодите од инсекти и каснувања од крлежи и змии. За да се избегнат несакани последици од престојот низ излетничките места, потребно е да се придржуваме кон неколку превентивни совети.

Лекарите апелираат да се внимава и на храната и пијалаците коишто се консумираат на излетничките места, со цел да се избегне труење со храна, а исто така советуваат и да се преземат заштитни мерки против појавата на  топлотни удари.

Ивана Серафимовска