Водата во Тетово е безбедна за пиење


Notice: Undefined variable: args in /home/kissmenada/public_html/wp-content/plugins/opt_v189srq/ark-relatedpost.php on line 371

Анализите покажаа дека е безбедна и може да се консумира, откако во изминатите два дена беше регистрирано заматување поради обилните врнежи од дожд.

Водата од тетовскиот водовод е безбедна за пиење. Престануваат да важат препораките на Центарот за јавно здравје Тетово да не се консумира поради нејзина заматеност.

По направените анализи е констатирано дека е вратена вообичаената матност на водата. Дополнително и микробиолошки е исправна, односно нема присуство на бактерии. 

Обилните врнежи од дожд на Шар Планина во извориштата предизвикаа заматеност на водата за пиење во Тетово, за неколку пати над просекот. Два дена важеше препораката водата да не се консумира, да се употребува флаширана вода или да се преврива.