Водата за пиење во Тетово исправна

Повторно тетовци се жалат дека водата од градскиот водовод има непријатен вкус а понеои велат дека чувствуваат и чуден мирис. Непријатниот мирис и вкус најчесто се чувствуваат во вечерните и раните утрински часови.

Но, ова не е некоја нова појава, непријатниот мирис и вкус на водата тетовци го чувствуваат во овој период од годината уште од 2017 година кода во употреба беше пуштен новиот водовод кој градот го снабдува со дополнителни количини вода за пиење од зафатот од река Пена.

Иако граѓаните и овој пат се загрижени, од Центарот за јавно здравје смируваат и велат дека водата во градскиот водовод и покрај лошиот мирис и вкус, бактериолошни и хемиски е исправна за пиење.

„Со оваја појава се среќаваме веќе трета година и тоа токму во овој период од годината. Уште при првата појава, во 2017 годиан, напраивме испитување во кое е утврдено дека непријатниот мирис и вкус доаѓа од вегетацијата, осносно најмногу од лисјата од дрвата што паѓаат во зафатот на водата кај месноста Лешница. Притоа доаѓа до нивно распаѓање кое ги создава непријатниот вкус и мирис. Ние секојдневно вршиме контрола на квалитетот на водата во градскиот водовод и таа, и покрај овој непријатен мирис и вкус, биолошки и хемиски е сосем исправна за пиење. Сепак деновиве го засиливме хлорирањето на водата, а од нашето досегашно ускуство, може да кажеме дека оваа појава ќе исчезне за некој ден. Сепак, уште еднаш повторувам водата во градскиот водовод и покрај ова е целосно исправна за пиење. Ова не е случај само кај нас, светската теорија и пракса, која се однесува на користење на површински води, а таков случај е и со реката Пена од каде се зема водата,  вели дека е можно да дојде до појава на одреден мирис и вкус кај водата “, вели др Ратко Давидовски специјалист по хигиена и здравствена екологија.

Според  др. Давидовски единствен начин да се отстрани овој непријатен мирис и вкус на водата е таа или да се озонира или да се користи јагленов филтер.

Филтер станицата за пречистување на водата, која беше изградена заедно со цевководот од реката Пена, има соодветни филтри за прочистување на водата но, треба дополнително да се вградат и вакви филтри за граѓаните и во овој период од годината да можат да пијат вода без притоа да се жалат дека таа има лош мирос и вкус.

error: Content is protected !!