Водата од градскиот водовод во Гостивар се‘ уште не е за пиење

Гостиварци се‘ уште не смеат да ја употребуваат водата од чешмите за пиење поради матност. Вонредните анализи што ги направи подрачната единица на Центарот за јавно здравје во Гостивар, покажуваат заматеност, двојно повисока од дозволените граници. Резултатите за микробиолошката исправност се во рамки на нормалата, што значи дека бактерии нема. Водата во градската водоводна мрежа се замати од последните обилни врнежи од дожд што го зафатија регионот.

„По епидемиолошки индикации направивме анализи на водата во градскиот водовод во Гостивар, со земање на примероци од 8 мерни места. Резултатите покажаа дека има заматеност на водата и тоа е од обилните врнежи од дожд. Се надеваме дека состојбата во наредните денови ќе се стабилизира. Микробиолошките анализи се добри, бактериска загаденост нема. Проблем е заматеноста и затоа препорачуваме граѓаните да не ја пијат водата, или ако ја користат да ја превријат најпрво десетина минути. И во селата направивме анализи на водата и таму состојбата е слична, значи потврдена е заматеност и водата не се препорачува за пиење.“, изјави д-р Берун Мустафа од ЦЈЗ Гостивар.

Последните резултати на испитувањата на водата се од денеска, и тие покажуваат  зголемена метност. Слична е состојбата и во селата.

За да биде може повторно да се дозволи за пиење водата, треба да се добијат три последователни резултати од анализи со параметри кои одговараат на законски пропишаните.