Водата постепено се повлекува во поплавените подрачја во населените места во општина Јегуновце

Се намалува водостојот на Вардар во Раотинце, водата која се повлекува од нивите и домовите остави пустош зад себе. За решение на овој децениски проблем жителите и локалната самоуправа надеж гледаат во проектот за регулација и чистење на речното корито.

ТЕКСТ

За околу половина метар е намален водостојот на реката Вардар, така што водата постепено се повлекува во поплавените подрачја во населените места во општина Јегуновце. Најкритично беше во селото Раотинце, каде беа поплавени 15-тина објекти и речиси целото поле. За земјоделците штетите се огромни, зашто веќе е доцна повторно да ги посеат нивите.

„Треба време да помине, не е целосно повчлечена, меѓутоа е полека опаѓа и по дворовите и по нивите. Така што се надеваме до утре целосно да се повлече ако задржат временските услови. Од прилика има некаде над 150 хектари, а сигурно има и повеќе. Сега и да се засади нешто нема да успее родот.“ – изјави Васко Јанчевски, претседател на Месната заедница на село Раотинце

Проблемот со поплавите долж течението на Вардар во оваа општина е децениски. Жителите и локалната самоуправа надеж гледаат во помошта од УНДП преку проект за регулација и чистење на речното корито.

„Во тек е заедно со УНДП поддржано од Швајцарската амбасада проект каде што ќе има чистење и регулација на река Вардар од 8,5 километри, на потегот од наслено место Туденце до под мостот кај каменоломот во Јегуновце. Сега е во фаза на тендерирање. Се лани  јуни – јули да заврши тендерот ж, негде од август да почне чистење и регулација на Вардар.“ – изјави Димитар Костадиновски, градоначалник на општина Јегуновце

По стабилизација на состојбата Комисијата за проценка на штети треба да излезе на терен. Од локалната самоуправа побараа помош од државата за обештетување на мештаните кои се погодени од поплавата.

Данијела Билбилоска