Во Боговиње веќе неколку дена нема евидентирано позитивен случај на коронавирус.
Веќе неколку дена во Општина Боговиње нема заразен пациент со КОВИД 19. Од кризниот штаб и тамошните здравствени власти се оптимисти дека бројката на позитивни случаи на вирусот нема многу да расте, а бројот на оздравени ќе се зголемува.
Докторот заразен со КОВИД 19 од приватната амбулантата која е сега под клуч е во добра здравствена состојба, но и останатите пациенти имаат благи симптоми.
И градоначалникот на Општина Боговиње Албон Џеамили е оптимист и смета дека состојбата ќе се стабилизира, но економските последици ќе бидат несогледливи.
Инаку во оваа општина досега има регистрирано 26 лица заразени со КОВИД 19, од кои едно лица почина.