Во Брвеница одржана 12-та седница на Советот
Советниците од Општина Брвеница, ја одржаа дванаесеттата седница на Советот. На дневниот ред се најдоа вкупно 14 точки. Главен акцент на денешната седница на Советот, беше ставен на усвојувањето на предлог-одлуките за годишните програми за работа во учебната 2022\2023 година на основните училишта „Коста Рацин“ во Брвеница, „7 Март“ во село Челопек и основното училиште „Гоце Делчев“ во село Стенче.
Меѓудругите точки, на дневниот ред се најдоа и оние за проширување на средствата на буџетот на Општина Брвеница за 2022 година и предлог-одлука за формирање Совет за социјална заштита во Општина Брвеница.
Ивана Серафимовска