Во Брвеница отворена подрачна канцеларија на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи Тетово

Дополнителната заменска министерка за труд и социјална политика, Санела Шкријељ, денеска ја посети новоотворената Канцеларија за социјални работи во Општина Брвеница. Канцеларијата е дел од мрежата на канцеларии што ресорното министерство ги отвори во соработка со општините за да ги доближи социјалните услуги до граѓаните.

-Оваа канцеларија е подготвена да ги прими сите барања на граѓаните. Во неа ќе има едно вработено лице кое ќе ги пренесе до надлежниот Центар за социјални работи, рече градоначалникот на општина Брвеница, Енвер Пајазити.

-Изминатиов период навистина работиме интензивно и ќе продолжиме да работиме на подобрување на квалитетот на живот на сите граѓани, токму затоа и отвораме локални канцеларии на Центрите за социјална работа. Во тек е отворање на такви канцеларии во 50-тина општини, со фокус на руралните, истакна дополнителната заменска министерка за труд и социјална политика, Санела Шкријељ.

Во рамки на посетата беше извршен увид во текот на активностите за изгрдба на детска градинка во Брвеница, која според најавите треба да биде готова во месец март.

Данијела Билбилоска

error: Content is protected !!