Во Вратница се одржа првиот саем за агротуризам

Тетовска Вратница денеска беше домаќин на првиот саем за агротуризам. На саемот посетителите имаа можност да ги разгледаат, но и да купат од големиот избор на домашни деликатеси и рачни изработки од учесниците на саемот од неколку населени места во тетовско. Идејата за саемот со наслов „Посети ја Вратница“, како што велат организаторите, е преку ваквиот начин да се развие селскиот туризам во регионот.

Учесниците на саемот за агротуризам на своите штандови ги очекуваа посетителите, а пред нашата камера споделија дека ваквите настани се нова и одлична можност за презентација и афирмација на нивната работа.

Организаторите се надеваат дека вакавта манифестација во Вратница ќе стане традиционална. Саемот, пак, свечено беше отворен со настап на членовите од КУД „Кирил Пејчиновиќ“ од Теарце.

Ивана Серафимовска