Во вторник од 20 часот во тетовскиот Дом за култура, ќе биде одиграна претставата „Вај-Фај“
Актерите од Драмското студио од Тетово за во вторник 9-ти мај, на театарската сцена во тетовскиот културен дом на публиката и’ најавуваат вистинско уживање за сите сетила преку најновата претстава „Вај-Фај“. Современа драма која ги опишува времињата кои ги живееме, исполнета со многу хумор, смеа, позитива, но и сцени кои ќе предизвикаат доза тажни емоции. Спојот на врвен хумор и доза трогателни моменти, преточени на тетовски дијалект, ја прават претставата уникатна и многу поинаква од претходните одиграни претстави, велат од Драмското студио Тетово.
Претставата е работена според текст на српскиот драмски автор Мирољуб Недовиќ. Преводот на драмскиот текст, адаптацијата и режијата се на тетовецот Мирко Видоески.
Ивана Серафимовска