Во голем пожар вчерапополадне изгореа триесетина возила покрај регионалниот пат Тетово – Јажинце

Пожарникарите со апел за поголема внимателност во насока на превенција од пожари.

Вчера попладне во складиште за отпад на возила во голем пожар изгореа триесетина возила. Складиштето е лоцирано во атарот на село Непроштенто покрај регионалниот пат Тетово – Јажинце. Територијалната противпожарна единица интервенираше со четири противпожарни возила.

Од таму велат дека по повикот веднаш се упатиле на местото на пожарот, каде пламените јазици биле високи триесетина метри. По 2 часа пожарот бил локализиран, односно не било дозволено истиот да се прошири кон соседните објекти.

Апелите на тетовските пожарникари се секогаш во насока на превенција од пожари, за поголема безбедност на граѓаните.

Апелот се однесува и на земјоделците кои интензивно се подготвуваат за пролетната сеидба и ги чистат и палат отпадоците и стрништата на нивите.

Powered by Live Score & Live Score App