Во Гостивар нападнат полицаец

Вчера (9 април) околу 20 часот, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 34-годишниот гостиварец Д.Н., поради сомнение дека, дваесетина минути пред тоа, сторил кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“, како и И.М.(35) и С.Т.(36), исто така, од Гостивар, поради сомнение за „спречување на службено лице во вршење службено дејствие“ и за „неовластено снимање“. На нивното лишување му претходела пријавена поплака за нарушување на јавниот ред и мир на улица „Мара Угринова“ во Гостивар, по што биле преземени соодветни службени дејствија од полициските службеници. Тројцата гостиварци задржани се во Полициската станица Гостивар и по целосното расчистување и документирање на случајот ќе им бидат изготвени поднесоци.

Во периодот од 07.00 часот на 09.04. до 07.00 часот на 10.04.2020, на подрачјето на СВР Тетово само едно лице (TE) ја прекршило одлуката за ограничено движење, поради што било лишено и задржано и против него ќе следува соодветен поднесок.Во овој период вкупниот број на лица, спроведени во државен карантин на тетовско-гостиварското подрачје, изнесува 372 (ТЕ-152 и ГВ-220), а бројот на контроли на лица со потпишани изјави за самоизолација e 28 (ТЕ-20 и ГВ-8). Покрај ова, реaлизирани се и контроли на 201 лице (ТЕ-177 и ГВ-27)  со решенија за изолација, издадени од Државниот здравствен и санитарен инспекторат.

Во периодот за кој станува збор поднесена е кривична пријава против 65-годишен гостиварец, чиј угостителски објект на 8 април 2020 година, при контрола спроведена од Државен пазарен инспекторат, бил отворен и внатре се служел пијалак.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!