Во Гостивар нема заразени со корона, 11 лица се во домашна изолација

Бројката на заболени од опасниот коронавирус во Македонија се искачи на седум. Здравствените екипи кои ги следат тековите на гостиварското подрачје, оценуваат  дека за сега состојбата е стабилна. Во Гостивар нема регистрирани случаи на заразени. Единаесет лица кои допатувале на 27 февруари од Италија се наоѓаат во домашна изолација и се под здравствен надзор. До сега, никој од нив не развил симптоми сомнителни на корона.

Во моментов нема заболен од коронавирус. Единаесет случаи се следат во домашна изолација. Тие до сега не покажале симптоми, а дадени им се препораки доколку им се појават покачена температура, кашлица, проблеми со дишење, да се јават за медицинска помош. Состојбата во моментов е стабилна, ние ги преземаме сите мерки коишто се потребни.“, изјави Јакуп Јакупи, директор на општата болница „Ферид Мурад“ во Гостивар.

Домашната изолација за 11-те лица трае до овој четврток (12 март), по што зависно од нивната состојба ќе се одреди дали се потребни натамошни мерки.

Надлежните секојдневно нагласуваат граѓаните да ги следат препораките и советите, со што ќе го намалат ризикот од ширење на вирусот.

Локалните инстутуции и организации во Гостивар ги откажуваат јавните настани. Во Центарот за култура нема да се одржуваат културни манифестации, додека траат препораките за неодржување на помасовни собири. Гостиварскиот Црвен Крст ги одложи обуките по Прва Помош за возачи за оваа и следната недела.

error: Content is protected !!