Во Гостивар се спроведува проект за подигнување на еколошката свеста кај Ромите

Отворените канали кадешто течат отпади води во населбата со ромско население Дупка во Гостивар ќе бидат санирани и уредени. Активностите ќе се спроведуваат во рамки на проект за зајакнување на еколошката свест кај Ромите, кој го спроведува Хуманитарното здружение „Месечина“ од Гостивар.

„Во Гостивар има 11 населби каде живеат Роми, но со овј проект не можеме да постигнеме секаде да делуваме и ќе се осврнеме во оние наслеби каде има најголеми приоритети во екологијата. Идејата е да им се помогне на жителите во една од населбите каде течат отпадни води. Целта е тие да бидат ставени во цевка и превентивно да го заштитиме населението кое живее таму, затоа што при секое наше одење гледаме како децата играат во тие отпадни води. Тое е сериозна опасност од заразни болести, покрај пандемијата со која се соочуваме.“, изјави Мухамед Точи, претседател на „Месечина“.

Интересно е што во реализацијата на проектот и теренските активности ќе се вклучат самите граѓани кои живеат во населбата. Здружението ќе им ги обезбеди потребните материјали и логистичка поддршка, а жителите ќе треба да се потрудат да ги извршат работите за уредување и покривање на каналите.

Освен ова, планирано е и вклучување на граѓани Роми во засадување на дрвца и зеленило во дворови или на јавни простори во населбите.

Проектот е поддржан од Министерството за животна средина и просторно планирање со грант од 400.000 денари.

Од Месечина изразија незадоволство што средбата во Општина Гостивар закажана за денес, за презентација на проектот не се остварила и им била откажана во последен момент. Од здружението сметаат дека проектот треба да добие поддршка и од локалната самоуправа, во склоп на програмите за заштита на животната средина.

error: Content is protected !!